Дома Фудбал Ливерпул нуди 40 милиони евра за фудбалер кој нема ниту еден професионален натпревар во кариерата

Ливерпул нуди 40 милиони евра за фудбалер кој нема ниту еден професионален натпревар во кариерата

Англискиот гигант Ливерпул се подготвува повторно да биде во центарот на вниманието кога станува збор за трансферите, а овој пат „црвените“ според пишувањата на англиските медиуми, го насочиле вниманието кон едно од најинтересните млади имиња во европскиот фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се работи за 17-годишен талент кој уште нема одиграно ниту еден натпревар во сениорскиот фудбал, но веќе привлекува огромно внимание на големите клубови.

Наводно, Ливерпул е подготвен да оди до бројка од околу 40 милиони евра за да го осигура неговиот потпис.

Иако се работи за играч без професионално искуство, скаутите на англискиот клуб се уверени дека тоа е „посебен проект“ за иднината, играч кој би можел да стане еден од клучните фудбалери во наредните години.

Ливерпул во последно време агресивно вложува во млади таленти, а овој потег би бил уште еден доказ за стратегијата на клубот да долгорочно го изгради тимот околу најперспективните играчи во Европа.

Ерик Беле инаку е член на бразилскиот гигант Палмеирас од Сао Пауло и се смета за најголемото талент во „земјата на фудбалот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп Гвардиола ќе добие статуа и трибина на „Етихад“

Пеп Гвардиола ќе добие статуа пред стадионот Етихад, а северната трибина на Манчестер Сити…