
Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен против Милан од 31-от круг на Серија “А”. Резервистот Матео Политано го постигна единствениот гол во 79-та минута, со што неаполитанците забележаа петта последователна победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Росонерите” пак го претрпеа вториот последователен пораз како гости по оној од Лацио со ист резултат. Така “партенопеите” се новиот главен гонител на лидерот на табелата Интер.
Кони Де Винтер не успеа да исчисти центаршут од Оливера и така му дозволи на Политано да се запише со својот удар од мал агол. Во преостанатите минути Павловиќ и влезените од клупата Сантијаго Хименес и Рафаел Леао не успеаја да го спречат поразот на миланскиот гигант.