Дома Фудбал ДИБАЛА ЈА НАПУШТА РОМА: Ќе го замени поранешен фудбалер на Реал Мадрид!

ДИБАЛА ЈА НАПУШТА РОМА: Ќе го замени поранешен фудбалер на Реал Мадрид!

Италијанските медиуми најавуваат дека на крајот на сезоната Паоло Дибала ќе ја напушти Рома.

Аргентинецот најверојатно ќе се врати во Бока Јуниорс, а медиумите на „чизмата“ тврдат дека поранешен фудбалер на Реал Мадрид ќе биде негова замена во Рим.

Имено, управата на Рома го следи момчето кое потекнува од младинската школа на Реал Мадрид.

Серхио Арибас сега игра за Алмерија, има 24 години и дојде во овој клуб летото 2023 за шест милиони евра.

Арибас оваа сезона на 35 натпревари постигна 21 гол и забележа седум асистенции во Сегунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …