
Хари Кејн тренираше заедно со своите соиграчи и беше во тимот на Баерн пред гостувањето кај Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Капитенот на Англија го пропушти драматичниот триумф на Баварците против Фрајбург со 3:2 за време на викендот поради проблеми со зглобот.
“Тој направи сé што можеше за да биде со нас на последниот тренинг. Дали ќе игра или не, зависи од Вини. Но тој е тука и се чувствува добро”, изјави членот на управниот одбор на Бајерн, Макс Еберл.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сите други фудбалери на Баварците се достапни, со исклучок на голманот Свен Улрајх, кој има напукнат мускул.
“Секој натпревар помеѓу Реал Мадрид и Бајерн Минхен е посебен и тоа се чувствува. Но играчите направија така што влеговме уверено, и покрај целокупната почит која ја заслужува противникот, особено на ‘Бернабеу'”, коментираше Еберл.