Дома Фудбал Легендата на Германија за Винисиус: Само се жали и плаче!

Легендата на Германија за Винисиус: Само се жали и плаче!

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус, во пресрет на големата пресметка помеѓу Баерн и Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, жестоко го критикуваше однесувањето на “кралскиот клуб”. Тој не само што ја анализираше нивната игра, туку и потезите на управата, кои според него, го нарушуваат угледот на клубот. Неговите зборови, кои имаат значајна тежина во светот на фудбалот, сигурно нема да бидат добро прифатени во Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостувајќи во емисијата Sky 90, Матеус најпрво го искоментира однесувањето на бразилската ѕвезда на Реал, Винисиус Жуниор на теренот: “Винисиус е, несомнено, одличен играч, но бесконечно провоцира”, изјави Матеус, па продолжи: “Кога конечно ќе го срушат фер на теренот, тој само се жали, а потоа и плаче. Тоа е карактеристично за него.”

Матеус не застана само на Винисиус. Тој жестоко го прокоментира и бојкотот на Реал на доделувањето на Златната топка во 2024 година, сметајќи го тој потег за целосно недопустлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …