Дома Фудбал Милан може да се засили со двајца Босанци!

Милан може да се засили со двајца Босанци!

Италијанскиот гигант Милан изразил интерес за младите босански фудбалери Керим Алајбегов (18) и Есмир Бајрактаревиќ (21), пишуваат италијанските медиуми.

Двајцата оставија впечаток со своите настапи во баражот за Светското првенство против Велс и Италија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Алајбеговиќ се истакна против Велс асистирајќи му на Един Џеко за израмнување, а потоа беше прецизен и во пенал-серијата. Слично направи и во финалето против Италија, каде што влезе од клупата и повторно успешно реализираше одлучувачки пенал.

Бајрактаревиќ, пак, носеше голема одговорност, играјќи целосни 120 минути во обата натпревари и покажувајќи прецизност во пенал-серијата против Италија. Нивната ментална издржливост и способност за справување со притисокот не останаа незабележани.

Алајбеговиќ игра на левото, а Бајрактаревиќ на десното крило, носејќи ја со себе брзината, техниката и потенцијалот кои ги бара модерниот фудбал. Дополнително, нивната пристапна цена ги прави уште попривлечни за големите клубови.

Пишувањата на Corriere dello Sport укажуваат дека Милан будно го следи Алајбеговиќ, чија вредност се проценува на околу 15 милиони евра, цена што се смета за привлечна во денешниот пазар. За него, интерес покажуваат исто така Рома и Наполи.

Кариерата на Алајбеговиќ има интересна траекторија, мината низ младинските категории на Келн и Баер Леверкузен, откако беше купен од Ред Бул Салцбург за два милиони евра.

Но, Леверкузен има клаузула за повторно купување и планира да го врати за осум милиони евра, со цел да го продаде и оствари профит, бидејќи неговата вредност на пазарот се зголемува.

За разлика од него, Бајрактаревиќ може да се купи полесно. Тој е член на ПСВ Ајндховен, кој го донесе од Њу Ингланд Револуција за три милиони евра.

Иако се појави во 32 натпревари оваа сезона, само осум пати започна како стартер, па италијанските медиуми сметаат дека тој би можел да биде подостапен и поевтин, при што неговата вредност се вртка околу пет милиони евра.

=
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екс-фудбалерот се откажа од својата ќерка поради „Онли Фенс“: Заработувам многу повеќе од вас!

Јавноста во Обединетото Кралство беше шокирана од големиот семеен конфликт на поранешната …