Дома Фудбал Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против Манчестер Сити. Вчера „црвените“ загубија со 0:4 во натпревар од четвртфиналето на ФА Купот.

“Навивачите беа таму за да ни дадат поддршка и јас само можам да се извинам за тоа што го видоа, особено во второто полувреме. Го разбирам нивното разочарување”, изјави холандскиот дефанзивец.

“Оваа сезона сме се најдоа во ваква ситуација многу пати, кога имавме надежи и не успеавме да ги исполниме. Да загубиш со 0:4 е тешко. Се обидувам да мислам дека можеме да ги смениме работите, но тоа го правиме речиси 75 проценти од сезоната. Боли. Сега се концентрираме на гостувањето кај ПСЖ, но е тешко”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …