Дома Фудбал Гатузо доби наследник, Азурите имаат нов селектор!

Гатузо доби наследник, Азурите имаат нов селектор!

Според италијанските медиуми, Џенаро Гатузо доби наследник на местото селектор на репрезентацијата на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По фијаското во Зеница и испаѓањето од Босна и Херцеговина, што е трет пат последователно Азурите да не учествуваат на Светското првенство, Гатузо си поднесе оставка.

Неколку имиња беа спомнувани како потенцијални наследници, но изборот беше јасен од почетокот.

Антонио Конте по завршувањето на сезоната во Наполи ќе ја преземе кризата на репрезентацијата на Италија и ќе се обиде да ги врати Азурите таму каде што припаѓаат.

Работата нема да биде лесна, но јавноста во Чизмата е уверена дека тој е вистинскиот човек за оваа позиција.

Очекуваме официјална објава од Фудбалската федерација на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…