Дома Фудбал Ужас на Косово: Фудбалер почина откако колабираше на терен!

Ужас на Косово: Фудбалер почина откако колабираше на терен!

Голема трагедија ја потресе фудбалската јавност во Косово кога за време на натпревар почина Лјиридон Губетини (43), поранешен фудбалер и член на ветераните на Барилева. Несреќниот настан се случи за време на натпреварот помеѓу Барилева и Дечани, кој се одигра во рамките на Купот на ветераните под покровителство на Фудбалскиот сојуз на Косово.

Според достапните информации, трагедијата се случила вчера околу 17:35 часот, веднаш по завршувањето на првото полувреме. Губетини одеднаш се онесвестил на теренот, поради ненадејно влошување на здравствената состојба, што ги шокирало сите присутни.

Медицинскиот тим веднаш реагирал и се обидел да му даде помош, но за жал, можеле само да ја констатираат неговата смрт на лице место. Првите информации укажуваат дека причината за смртта е срцев удар, но точниот причинител ќе биде познат по обдукцијата која е наложена од страна на обвинителството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…