Дома Фудбал „Проектил“ на Петровиќ во победата на Брера над Арсими, Силекс лесно го доби Шкупи (Видео)

„Проектил“ на Петровиќ во победата на Брера над Арсими, Силекс лесно го доби Шкупи (Видео)

Во рамките на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, денеска се одиграа уште два натпревари, во кои домашните екипи Брера и Силекс стигнаа до победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Струмица, Брера имаше тежок почеток, откако гостите Чегране дојдоа до водство по само три минути. Сепак, домаќините брзо се вратија во игра и веќе во 10-тата минута го израмнија резултатот, а со по еден гол на двете страни се замина и на одмор. Во второто полувреме решавачкиот момент се случи околу десет минути пред крајот, кога Петровиќ го постигна победничкиот гол за Брера.

Во Кратово, пак, немаше никаква неизвесност. Силекс одигра убедливо и со високи 6-0 го совлада Шкупи, кој веќе е надвор од трката за опстанок. Во листата на стрелци се запишаа Алиќ, Пиреш, Мирчевски, Бутуровиќ, Анѓелески и Донов.

За двете екипи, Брера и Силекс, овие победи доаѓаат по серија од четири натпревари без триумф, во кои забележаа по две ремија и два порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…