Дома Фудбал Познато колку заработува Гeри Невил од „подкаст царството“

Познато колку заработува Гeри Невил од „подкаст царството“

Продукциската куќа на Гари Невил, „Buzz 16“, минатата година оствари импресивен приход од 11.6 милиони фунти (13.3 милиони евра), покажуваат годишните извештаи.

Јутјуб каналот The Overlap во текот на 2025 година има забележано дури 2.2 милијарди прегледи, а на почетокот на оваа година компанијата склучи договор со гигантот „Global“ за продавање на мнозинскиот удел, со цел понатамошно ширење на брендот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од вкупниот бруто приход, Buzz 16 исплатил 5.3 милиони евра за плати и пензиски придонеси, додека Невил и останатите директори, вклучувајќи ги основачите Скот Мелвин и Дијана Лоу, си исплатиле повеќе од 3.5 милиони евра дивиденда.

Откако беше покренат во 2021 година, The Overlap од главната емисија „Stick To Football“ се прошири и на други формати како Fan Debate, кој го води Џејми Карагер, и „Football Music and Me“ со водителот Џеф Шривс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ќе игра против Босна пред почетокот на Светското првенство!

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ќе има тест-дуел против Босна и Херцеговина,…