
Пред неколку дена беше објавен документарец фокусиран на незаборавниот бразилски фудбалер Роналдињо, при што една од познатите личности што се појавија беше и Нејмар. Сепак, многумина се зачудени од неверојатната грешка направена поврзана со играчот на Сантос.
Роналдињо ја заврши својата кариера во 2018 година, и неговите успеси се навистина импресивни, бидејќи освои скоро сè што можеше, како во клупските, така и во репрезентативните натпревари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Голем број луѓе го сметаат за последниот фудбалски волшебник што сме го гледале, а најмногу го паметиме по неговите настапи за Барселона.
На „Нетфликс“ неодамна беше прикажан документарен филм во чест на Роналдињо кој привлече огромно внимание.
Во документарецот, покрај бројни негови соиграчи, учествуваше и Нејмар.
Но, целото внимание го привлече една неверојатна грешка направена токму за Нејмар во филмот.
Играчот на Сантос беше обележан како поранешен бразилски фудбалер, како да веќе ја завршил кариерата, што во Бразил предизвика големо незадоволство.
A Netflix botou o Neymar como ex-jogador no documentário do Ronaldinho KKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK pic.twitter.com/SITb5tqpXQ
— Raphael Memes (@RaphaelMemes) April 3, 2026
Посебно издвоија дека е тоа непростлива грешка, и тоа во миг кога се одлучува дали Карло Анчелоти ќе го повика Нејмар да игра со Бразил на претстојното Светско првенство.
И покрај тоа што Нејмар игра извонредно во дресот на Сантос, тој не беше повикан за мартовските пријателски натпревари.
Се очекуваше Анчелоти да го викне Нејмар, но тоа не се случи, и останува последна можност да биде на конечниот список за Светското првенство, кој ќе го објави селекторот на Бразил средината на мај.