
Меѓународната пауза повторно се покажа како фатална за Барселона откако Рафиња претрпе повреда во пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Франција. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, реагираше со силни зборови по овој настан.
Минатата недела Франција и Бразил одиграа пријателски натпревар во кој триколорите славеа со резултат од 2:1.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Французите го остварија триумфот иако играа речиси целото второ полувреме само со десет играчи. Погодоците за победата ги постигнаа Мбапе и Екитике, додека Бразилците постигнаа почестен гол преку Бремер во самиот финиш.
Сепак, натпреварот на големите ривали беше обележан со повредата на Рафиња кој мораше да се повлече од теренот на полувреме.
Рафиња почувствува болка во задната ложа, поради што Карло Анчелоти не го вклучи во втората половина, а прегледите ги потврдија лошите вести. Рафиња ја обнови старата повреда, поради која беше надвор од терените два месеци, и повторно го очекува слична пауза.
Ова е сериозен удар за Барселона која сега ќе мора да се справи без еден од своите најдобри играчи во клучниот дел од сезоната кога се решаваат работите и во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Барселона речиси никогаш нема среќа за време на репрезентативните паузи, бидејќи секогаш некој завршува повреден, а кога тоа му се случи и на Рафиња, претседателот на клубот, Жоан Лапорта, испрати остра порака до ФИФА.
“Повредата на Рафиња е срамота. Ова е срамота. ФИФА мора да го прилагоди својот календар со оглед на тоа што овие играчи настапуваат во големи клубови”, истакна Лапорта и додаде.
“Тоа беше пријателски натпревар, а еден од најдобрите играчи на теренот се повреди. Секако дека тоа ве нервира. Не можете да ги обвинувате играчите, бидејќи тие се професионалци и сè вложуваат за својата држава”.
“Проблемот е густиот распоред на сите тие натпревари во една сезона каде се играат многу натпреварувања, а потоа ги имате и тие пријателски натпревари во термини кои, како што гледате, се катастрофални за клубовите”.
🚨🗣️ 𝗡𝗘𝗪: Joan Laporta: “Raphinha’s injury is a SHAME. FIFA must make their calendar considering that these players play for big clubs.”
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 2, 2026
“It’s a friendly match, and one of the team’s best players suffers an injury. Of course it’s annoying.”
“You can’t blame the players.… pic.twitter.com/jPicnDZXUx