
Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга пауза, а директорот на турнирот во Мадрид, Фелисијано Лопез, откри дека српскиот тенисер изрази желба да дојде во главниот град на Шпанија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Тој сака да дојде, тоа е она што ми го кажаа. Очигледно, сите знаеме како Ѓоковиќ го планира својот распоред во последно време. Тој има способност да игра многу малку, а сепак да се натпреварува за големи титули и на скоро 40 години“, рече Лопез кој имал можност многупати во животот да игра со Новак.
Шпанецот тврди дека Мадрид ќе биде еден од приоритетите за најдобриот на сите времиња, секако, заедно со претстојниот Гренд слем.
„Тоа што мислам е дека сака да дојде во Мадрид, и дека тоа е еден од приоритетите за неговата сезоната на земјена површина заедно со, секако, Ролан Гарос. Мораме да бидеме полни со почит бидејќи не игра често и го избира својот распоред и турнири многу прецизно. Мораме да бидеме внимателни, но ако сè биде како што треба, ќе го имаме Ѓоковиќ во Мадрид“, изјави Лопез.