Дома Фудбал Меси со солзи се прости од Аргентина! Гол, асистенција, магија и емотивна порака за збогување (Видео)

Меси со солзи се прости од Аргентина! Гол, асистенција, магија и емотивна порака за збогување (Видео)

Лионел Меси е најзначајниот фудбалер во историјата на Аргентина по Диего Марадона, така што почетокот на неговото збогување од репрезентативниот дрес е многу емотивно.

Сите знаци укажуваат дека овој натпревар на аргентинско тло е последната прилика Лионел да игра пред домашната публика пред Светското првенство. Солзите во неговите очи додека цел стадион го поздравува, тоа и го потврдуваат. Иако Лионел веќе не е млад, со своите 38 години, продолжува да биде на самиот врв на своите можности.

И покрај тоа што противникот беше скромната селекција на Замбија, „десетката“ на Аргентина покажа дека магијата во неговите нозе останува ненадмината. Аргентина победи со убедливи 5:0, а натпреварот го обележи единствено присуството на Лионел Меси.

Капитенот не само што постигнуваше голови и асистенции, туку ја достигна и историска пресвртница: стана стрелец против вкупно 40 различни национални состави, што дополнително го зајакна неговото меѓународно наследство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…