
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина се квалификуваше на Светското првенство, откако во финалето на баражот по подобро изведување на пенали ја победи Италија. По триумфалната победа, прославата стана голем празник во сите градови на БиХ.
Импресивен пречек во Сараево
Репрезентативците пристигнаа во Сараево во три часот по полноќ, каде пред Вечниот оган ги пречекаа околу 100.000 луѓе. Атмосферата во главниот град на Босна и Херцеговина, како и во другите градови, беше на највисоко ниво.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Насобраните навивачи ги поздрави селекторот Сергеј Барбарез. “Ви благодарам што не поддржувавте, многу ви благодарам. Овие момци заслужуваат сè за тоа што го постигнаа,” порача Барбарез. Прославата продолжи до утринските часови со познати хитови на Халид Бешлиќ, во ноќ која Босна и Херцеговина ќе ја памети вечно.