Дома Фудбал Македонија против Ирска без идеја и без голови

Македонија против Ирска без идеја и без голови

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без голови, против Република Ирска во пријателски дуел.

Генерално уште едно лошо издание на Македонија.Избраниците на Седлоски не покажаа ништо и беа ориентирани на дефанзива.

Непосредно пред паузата двапати беше затресена македонската мрежа, но погодоците беа поништени поради офсајд.

Во вториот дел Седлоски им даде шанса на неколку фудбалери од клупата, но ништо не се подобри, Ирска имаше неколку шанси и успеавме да се одбраниме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …