Дома Фудбал Шок за Баерн: Тиаго Алкантара тешко повреден!

Шок за Баерн: Тиаго Алкантара тешко повреден!

Баварците се во одлична форма и синоќа победија на гостувањето кај Андерлехт, но го загубија еден од најважните фудбалери.

Имено, Алкантара од игра мораше да излезе пред крајот на првото полувреме поради повреда на мускулот. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за сериозна повреда која ќе го извади од терените цели 3 месеци.

„Тиаго заработи потешка повреда поради која неколку месеци ќе мора да биде надвор од терените“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Ова ќе биде голем хендикеп за тренерот Јуп Хејнкес, бидејќи Алкантара е многу важен дел од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за ПСЖ: Кварацхелија оди на операција, сезоната практично заврши

Грузискиот репрезентативец ги повреди предните вкрстени лигаменти на десното колено. Луис …