Дома Фудбал Кукурела сè уште не ја исклучува Барселона: „Тешко е да се каже не ако повикаат“

Кукурела сè уште не ја исклучува Барселона: „Тешко е да се каже не ако повикаат“

Фудбалерот на Челзи и репрезентативец на Шпанија, Марк Кукурела, не крие дека би му било чест да игра за Барселона еден ден и дека е тешко да одбие повик, доколку тој дојде, но сега е максимално фокусиран на Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како Каталонец, во меѓусебните дуели против Барселона, покажа дека клубот во кој ги мина младинските категории лесно се откажа од него, но љубовта кон шпанскиот гигант не исчезнала.

„Ако ме повикаат, тешко е да се каже не, но моментално не размислувам за тоа. Очигледно е тешко да се одбие таква понуда, ако се појави, но ќе треба внимателно да размислам и да разговарам со семејството. Засега не размислувам за тоа, а ако се случи, ќе видиме каква одлука ќе донесеме. Шпанија е мојата земја, местото каде што пораснав и секогаш сум замислувал дека ќе се вратам таму, но сега сум многу среќен каде што сум и би го оставил тој сценарио за уште неколку години“, беше јасен Кукурела, кој има договор со Челзи до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Талески: Подготвени сме за предизвикот кој нè очекува во ЛШ!

Чуварот на мрежата на македонскиот шампион Вардар, Давор Талески кажа дека е задоволен од …