Дома Фудбал Италијанците најдоа замерки: Соблекувалните во Зеница биле многу мали (Видео)

Италијанците најдоа замерки: Соблекувалните во Зеница биле многу мали (Видео)

Меѓу вечерните плејоф натпревари најголемо внимание привлекува дуелот во Зеница, каде што Босна ќе ја пречека Италија, а воoчи овој натпревар, Италијаните изразија незадоволство од состојбата на соблекувалните на стадионот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ла Стампа“, еден од најпознатите медиуми во Италија, објави видео на социјалните медиуми, во кое ја покажува состојбата во соблекувалните, нагласувајќи дека се многу тесни и далеку под стандардот на кој се навикнати нивните играчи. Освен тоа, го забележаа и квалитетот на туш кабините како недоволно добар.

„Ова е стадионот во Зеница каде што Италија ќе игра во плејофот за Светското првенство. Просторот е многу ограничен и не е ни приближно до стандардите кои се очекувани“, стои во нивниот пост.

Натпреварот, како и останатите, ќе се одигра во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чил…