
Лоши вести пристигнуваат за македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски, кој ќе мора да паузира подолг период поради сериозна повреда заработена во Купот на Шкотска, пренесува „Дејли Рекорд“
Фудбалерот на Данди јунајтед се здобил со оштетување на лигаментите на коленото, а по деталните прегледи било утврдено дека е неизбежна хируршка интервенција. Според првичните прогнози, Трапановски ќе биде надвор од терените околу шест месеци.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Дополнителна неизвесност носи и неговиот договорен статус, бидејќи актуелната соработка со клубот му истекува на крајот од сезоната, иако постои опција за продолжување на уште една година.
Во тековната сезона, Трапановски запиша 22 настапи во дресот на Данди, при што успеа да постигне еден погодок и да додаде две асистенции.