Дома Фудбал Анчелоти уверен во успехот на Италијаните: Имаат 95 проценти шанса да одат на Светското и ги чека лесна група

Анчелоти уверен во успехот на Италијаните: Имаат 95 проценти шанса да одат на Светското и ги чека лесна група

Карло Анчелоти, еден од најславните италијански тренери, смета дека Азурите лесно ќе се справат со Босна и Херцеговина во финалето на баражот за учество на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќинот сонува за второ место на Светското првенство во историјата, и поради тоа владее голема еуфорија, но пред нив е тежок предизвик против една од најтрофејните репрезентации во светот. Интересно е што Змејовите единствениот пат беа дел од светскиот собир во 2014 година, заедно со тогашните учесници од Италија.

Сегашниот селектор на Бразил верува дека Азурите ќе го завршат целиот процес и нема да допуштат да им се случат истите работи како со Македонија и Шведска.

– Му посакувам на Гатузо среќа и се надевам дека ќе се видиме на Светското првенство. Сигурен сум дека ќе поминат, или поточно, кажано 95 проценти. Сѐ друго е во рацете на судбината. Индикативно е дека Италија ќе се соочи со релативно лесна група на Мундијалот, каде што Швајцарија е единствениот посериозен противник – изјави Анчелоти.

Победникот од натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Италија ќе се натпреварува во групата Б, каде покрај Швајцарија, исто така, се наоѓаат Катар и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Челси трета година по ред нема спонзор на дресот?

Поранешниот шеф за глобален маркетинг во Челси, Кристијан Перслоу, сподели впечаток за нео…