Дома Фудбал Бернардо Силва го информирал Манчестер Сити за својата одлука

Бернардо Силва го информирал Манчестер Сити за својата одлука

Еден од омилените играчи на Гвардиола во Манчестер Сити – Бернардо Силва, веќе го информирал раководството на клубот дека ова е неговата последна сезона на “Етихад Стадион”, тврди “А Бола”.

Договорот на Португалецот истекува летово и тој нема да го обнови, иако клубот сака да остане. 31-годишниот играч за врска веќе ги разгледува сите можности, а според “А Бола” неговите желби се да остане во Европа. Барселона, Јувентус и Галатасарај се заинтересирани за него.

Клубовите од Саудиска Арабија и САД остануваат можни опции, но Силва се уште сака да игра на највисоко ниво. Враќањето во Бенфика за сега не е на дневен ред, додава изворот.

Бернардо Силва продолжува да биде еден од играчите на кои Гвардиола му има најголема доверба. Досега Португалецот одиграл 30 натпревари во Премиер лига, а постигнал два гола и четири асистенции. Неговата сметка во сите турнири изнесува 42 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …