
Младинскиот состав до 18 години на Пелистер оствари значајна победа на турнирот во Пореч, совладувајќи го Алборг со 24-23 и обезбеди пласман во финалето, каде ќе се бори за место на фајнл-фор турнирот во Келн.
Во полуфиналниот натпревар, младите ракометари на битолскиот клуб одиграа цврсто и ангажирано против силниот скандинавски противник и на крајот сосема заслужено стигнаа до триумфот. Натпреварот беше неизвесен до самиот финиш, Пелистер водеше со минимална предност од еден гол на 15 секунди до крајот, додека данскиот тим имаше последен напад, кој не успеа да го реализира.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Херој на победата беше Андреј Георгиев со 12 погодоци, додека солиден придонес даде и Јован Симовски со шест гола.
Вториот полуфинален натпревар се игра од 14:00 часот, во кој силите ќе ги одмерат Загреб и Фуксе Берлин, а победникот од овој дуел ќе биде следниот противник на Пелистер во битката за пласман на завршниот турнир.