Дома Фудбал Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е актуелна тема во италијанските медиуми, бидејќи како што се ближи летниот преоден рок, ”нероазурите” се обидуваат да ја обезбедат ”пол-позицијата” во трката за одличниот фудбалер којшто минатата година не успеаја да го ангажираат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома не брза со разгледување на понудите, бидејќи очекува побогати понуди од Премиер лигата, но Интер го засилува интересот.

”Газета дело спорт” денеска пишува дека Ману Коне останува ”главна мета на Интер за следната сезона”, и дека за да го омекнат цврстиот став на римјаните, челниците на Интер би можеле освен пари, на римјаните да им го понудат и италијанскиот репрезентативец Давиде Фратеси.

Истото списание наведува дека Интер би бил подготвен да инвестира до 50.000.000 евра за трансферот на Коне, а вклучувањето на Фратеси во договорот би било еден од начините за потенцијално намалување на трошоците.

Фратеси во последно време нема голема минутажа во Интер кај Кристијан Киву, а ”нероазурите” се надеваат дека оваа понуда би можела да биде интересна за римјаните, бидејќи Фратеси некогаш ја помина и школата за млади играчи на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

28-годишен репрезентативец од Манчестер Јунајтед размислува да ја заврши кариерата

Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед и Мароко, Нусер Мазрауи, даде навестување дека Св…