
Стоперот на Интер, Алесандро Бастони, ги прифати сите услови што му ги понуди Барселона и упати повик до Каталонците да започнат преговори со италијанскиот клуб.
Оваа вест ја објави Фабрицио Романо во петокот, а денеска ја потврди и шпанска Марка, дека Бастони ги усогласил сите услови, а Барселона му нуди и повисока плата од онаа што ја има на „Џузепе Меаца“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Бастони за првпат откако пристигна во Интер се почувствува спремен за нови предизвици во кариерата, а Барселона беше од старт на врвот на неговата листа.
Поради финансиските проблеми, Интер ќе мора да продаде неколку ѕвезди, меѓу кои е и Бастони.
Се шпекулира дека почетната цена за Бастони изнесува 70 милиони евра, а Интер не прифаќа играчи од Барселона во трансакцијата и бара само парична понуда, без размени.
Преговорите нема да бидат едноставни, но Барселона овој преоден рок мора да обезбеди стопер, бидејќи минатото лето не донесе замена за заминувањето на Иниго Мартинез, а во јули се очекува и Андреас Кристенсен да го напушти тимот по истекот на договорот.
Ханси Флик е воодушевен од идејата да ги здружи Бастони и Пау Кубарсија, додека Жерар Мартин и Ерик Гарсија би биле во ротација, а во случај на соодветна понуда, се очекува и Роналд Араухо да го напушти тимот.