Дома Фудбал Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата на Мароко. 

Иако е роден во Фуелабрада, Питарч има мароканско потекло и државјанство и може да избира помеѓу Шпанија и оваа африканска држава.

Голманот на Мароко, Боно, јавно го повика него.

„Тијагo би можел да игра за Мароко. Има семејство тука, исто како и во Шпанија. Тој ќе избере онака како што ќе почуствува и мисли дека е најдобро. Но, ние сакаме да знае дека го чекаме раширени раце. Секој играч со марокански корени е добредојден. И особено ако е играч на Реал Мадрид, што значи дека има огромен квалитет”, рече Боно. 

Инаку, Питарч има настапувано за У19 и У20 селекцијата на Шпанија, но сè уште не добил повик од селекторот Луис Де Ла Фуенте. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос по драмата во Бразил: Украдено знаме предизвика конфликт меѓу навивачите по натпреварот (Видео)

Флуминенсе стана првиот полуфиналист на Копа Либертадорес, но завршницата на реваншот прот…