
Капитенот на Барселона, Рафиња, се здоби со нова повреда на задната ложа поради што ќе мора да паузира неколку недели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што пренесовме во петокот, Бразилецот почувствува болка во задната ложа која веќе двапати го спречуваше да игра оваа сезона и сега доживеа трета повреда во најлош можен момент.
Сега е потврдено дека Рафиња ќе паузира минимум четири недели, возможно и до почетокот на мај, што значи дека ќе го пропушти четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, како и потенцијалното полуфинале против Арсенал или Спортинг.
Исто така, Рафиња ќе ги пропушти и клучните натпревари во Ла Лига во борбата за титулата, гостувањето на Атлетико, градското дерби со Еспањол, доаѓањето на Селта на „Камп Ноу“, но добра вест е што сигурно ќе биде подготвен за второто лигашко „Ел Класико“ што е на програмата на 10-ти мај.
Очекува се сега шансата да ја добие Маркус Рашфорд и да ја искористи на вистински начин, но не е исклучена можноста на левата страна по потреба да игра и Дани Олмо.
Да потсетиме, во Барселона веќе се повредени Жил Кунде, Алехандро Балде и Френки де Јонг, но се очекува сите тројца да бидат подготвени за натпреварите со Атлетико во Лигата на шампионите, додека за првиот лигашки следната сабота можеби ќе бидат меѓу резервистите.