Дома Фудбал Проблеми за Арсенал и Сити, Тухел се налути, сите се прашуваат „што се случува со Роналд Араухо“? (Видео)

Проблеми за Арсенал и Сити, Тухел се налути, сите се прашуваат „што се случува со Роналд Араухо“? (Видео)

Крилниот напаѓач на Арсенал, Нони Мадуеке, се повреди на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Уругвај, додека Фил Фоден ќе биде подложен на медицински прегледи. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мадуеке мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме кога го замени Боуен, а по натпреварот беше виден со стеги за колено, што секако е загрижувачко за навивачите на Арсенал и Микел Артета. 

Освен него, се повреди и Фил Фоден по дивјачкиот старт на Роналд Араухо. Уругваецот жестоко стартуваше врз асот на Сити, што го разбесни Томас Тухел. Тој по натпреварот ги критикуваше и Уругвајците поради грубата игра, но и судиите што го дозволија тоа.

„Бев изненаден кога слушнав дека ВАР работи, мислев дека е расипан, бидејќи не проверија ни прекршокот врз Мадуеке, ниту после тоа врз Фоден“, рече лутиот Германец.

Инаку, Фоден неколку минути по овој старт го напушти и натпреварот, а степенот на повредата ќе биде дополнително познат. 

Не е чудо што Араухо од синоќа е мета на критики, ова беше навистина непотребен старт на пријателски натпревар.  

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија на нозе: Стигнаа нови вести за Пеп Гвардиола!

Италијанската репрезентација може да добие едно од најгласните тренерски имиња во светот. …