
Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалерот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Уругвај, Мануел Угарте, избегна црвен картон иако беше евидентиран во судиската бележница двапати за време на натпреварот против Англија (1:1)!
Уругвајскиот играч за врска беше првин казнет со жолт картон во првото полувреме поради остар прекршок, а потоа во 81. минута повторно “пожолте” поради протести по голот на Бен Вајт. Сите на стадионот, како и гледачите пред ТВ екраните, очекуваа германскиот судија Свен Јаблонски да му го покаже патот кон соблекувалната на фудбалерот на Уругвај, но тоа не се случи.
Угарте доби два жолти картони, но не беше исклучен?😭😭😭 pic.twitter.com/uIgOZgzGpZ
— 🫵🏽 (@idoxvi) Март 27, 2026