Во рамки на претпоследното коло од групната фаза во ЛШ, актуелниот шампион на Швајцарија го совлада Манчестер Јунајтед на домашен терен со 1:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одлучуачкиот гол го постигна Ланг, иако „Ѓаволите“ и покрај поразот се пласираа во следната фаза, со оглед на тоа дека имаат три бодови повеќе од Базел и подобар меѓусебен дуел, па само чудо беше потребно да не го видиме Јунајтед во елиминациската фаза.
Им преостана да не доживеат катастрофа против ЦСКА на „Олд Трафорд“, за да го заверат првото место во групата пред нокаут фазата, а вечерашниот дуел е показател дека на тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо воопшто не му лежи Базел.
Имено, „Специјалниот“ на три пати е поразен од Базел, со кој досега во кариерата одиграл четири натпревари. Единствениот триумф го обезбеди оваа година, кога швајцарскиот тим гостуваше на „Олд Трафорд“.