Дома Фудбал Драма на 80 дена пред почетокот на Мундијалот: Аргентина без Меси на Светското првенство?!

Драма на 80 дена пред почетокот на Мундијалот: Аргентина без Меси на Светското првенство?!

Светското првенство кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико се приближува и остануваат помалку од три месеци до неговиот почеток.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Големи вести стигнуваат од аргентинскиот табор, бидејќи се зборува дека тие на Светското првенство можеби ќе бидат без Лионел Меси.

Според зборовите на селекторот Лионел Скалони, Меси сѐ уште не донел одлука дали ќе игра на Светското првенство или не.

На сите им е чудно со оглед на тоа што останаа 81 ден до почетокот на Светското првенство.

„Тоа е прашање за него”, рече Скалони откако доби прашање дали Меси ќе настапи на Светското првенство оваа година.

Меси беше најдобар играч на последното Светско првенство кое се одржа во 2022 година.

„Што се однесува до мене, знаете како размислувам. Ќе направам сѐ што можам за тој да биде таму. Верувам дека тоа треба да го направам и дека поради фудбалот тој треба да биде таму.

Но, не сум јас тој што одлучува. Тој мора да донесе одлука врз основа на тоа како се чувствува во главата, но и како се чувствува физички.

Не е лесно бидејќи не сакаат само Аргентинците да го видат таму. Целиот свет го сака тоа“, кажа тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…