Дома Фудбал Jувентус сака нов тандем – Влаховиќ и Левандовски!

Jувентус сака нов тандем – Влаховиќ и Левандовски!

Роберт Левандовски од лето ќе биде слободен играч, а можната негова нова дестинација би можела да биде Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на торинската екипа, Дамиен Комоли, отпатува во Полска, со цел да разговара со третиот најдобар стрелец во историјата на Лига на шампиони. 

Јувентус оваа сезона се мачи со напаѓачите, бидејќи никако не успева да постави соодветна комбинација, која би и донела на “Старата дама” поголем број голови од досега постигнатите. 

Многу вложувања направи Јуве во потрагата по вистинско решение, но тоа сеуште недостига. Оваа сезона пристигна Џонатан Дејвид, но не успеа да ги оправда очекувањата, а Душан Влаховиќ долго време беше повреден. Можеби токму Левандовски ќе биде вистинскиот избор. 

Дури и поранешниот напаѓач на Јувентус, Давид Трезеге, не размислува двапати околу Полјакот и негово ангажирање во црно-белиот тим. 

“Ќе го потпишев Роберт Левандовски како слободен играч, дури и на 38 години”, изјави неодамна за Газета поранешниот напаѓач на Јуве. 

Ако се оствари оваа желба на сите во Јувентус, ќе биде многу интересно да се види како ќе се соработуваат Левандовски и Влаховиќ во тандем, кои според сите проценки, следната сезона би играле заедно во тимот од Торино. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА исфрли азиска репрезентација од сите натпреварувања!

Во периодот на Светското првенство што се одржува во САД, Мексико и Канада, ФИФА донесе ед…