Дома Фудбал Лукаку пред исфрлање од тимот!

Лукаку пред исфрлање од тимот!

Ромелу Лукаку го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда. Неодамна се врати на терен и на гостувањето во Верона постигна победнички гол во дополнителното време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За време на репрезентативната пауза добил дозвола да се приклучи на репрезентацијата на Белгија, но мораше да се врати до денес на тренинзите со екипата.

Сепак, тој не се појави и без дозвола остана да тренира со репрезентацијата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа ги изнервирало сите во Неапол и планираат да го казнат дисциплински.

На Неапол ќе им биде тешко да ја одбранат титулата шампион на Италија до крајот на сезоната, но се блиску да обезбедат место во Лигата на шампионите. Во моментов се на трето место со 7 бодови заостанување од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ги менува плановите: По двајца играчи за средина на терен, тргнуваат кон нова голема мета

Според пишувањето на The Sun, раководството на Манчестер Јунајтед смета дека средната лини…