
Вечерва фудбалерите ги очекува натпреварот против Данска во полуфиналниот бараж за Светското првенство, а за овој натпревар селекторот Гоце Седлоски кој ќе дебитира на клупата не можеше да смета на Езѓан Алиоски.
Алиоски беше на првично на списокот, но потоа отпадна поради повреда. Вечерва како и цела Македонија, така и Алиоски ќе навива за успех во Копенхаген.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Денес носиме повеќе од само дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но, ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој дуел, секој шут. Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Да постигнеме денес нешто со кое целата наша земја ќе може да се гордее. За нас. За тимот. За Македониј. Дајте сè од себе… и повеќе!“, гласи пораката на популарниот Џани.
Натпреварот на „Паркен“ стадионот е закажан за во терминот од 20:45 часот.