
Рoдри (29), легенда на Манчестер сити и дете на Атлетико Мадрид, предизвика големо внимание со интервјуто кое го даде за шпанската радио станица „Onda Cero“. За време на собирот на репрезентацијата, Родри вака одговори на прашањата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дали некој ви рекол дека претседателот и директорот на Реал ве сакаат и дали ве контактирале?
Не знам, хахаха. А и ако е така, нема да зборуваат со мене, туку со мојот агент.
Дали Реал е забранета територија за вас со оглед на тоа што сте израснале во Атлетико?
Не, не. Имало многу играчи кои играле за двата клуба. Не со директен премин, туку по обиколен пат. Не можам да ги одбијам најдобрите клубови во светот.
.🚨💣 Родриов ЦЕЛ СЕГМЕНТ ЗА РЕАЛ МАДРИД:
— Madrid Xtra (@MadridXtra) March 26, 2026
“Би сакале ли да се вратите да играте во Шпанија, во Мадрид, во Ла Лига?”
🚨 Родри: “Би сакал да се вратам, да, очигледно.”
“Некој рече ли дали претседателот или генералниот директор на Реал Мадрид би сакале да ве имаат?”
🚨 Родри: “(Се смее)… pic.twitter.com/HJWofmYVCy