Дома Фудбал Одлука која ќе предизвика бура – За Валверде само еден натпревар суспензија!?

Одлука која ќе предизвика бура – За Валверде само еден натпревар суспензија!?

Иако на почетокот на неделата се чинеше дека Федерико Валверде ќе добие суспензија од два натпревари откако во финишот на “Мадрилења” заработи директен црвен картон поради Алекс Баена, Комисијата за натпреварување ја промени одлуката и Уругваецот ќе паузира само еден натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите мислења беа дека кралскиот клуб ќе биде без Валверде во натпреварите со Мајорка и Џирона, но епилогот е дека Алваро Арбелао нема да може да смета на поливалентниот играч само на гостувањето на Балеарските Острови на 4 април.

Оваа одлука е малку изненадувачка кога се знае дека на сесијата за разгледување на одлуките, Техничкиот комитет на судии ја разгледуваше одлуката на Муњуерин, но очигледно е дека ни тоа не беше доволно за Уругваецот да добие суспензија од два натпревари.

Сега останува на Реал дали ќе одлучи да ги исцрпи сите средства за да ја “поништи” и оваа казна, но се чини дека тука ќе заврши сè.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…