
Репрезентативецот на Србија и напаѓачот на Јувентус има договор со „старата дама“ до крајот на оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Договорот сѐ уште не е постигнат, а во претходните месеци неколку клубови покажаа интерес за некогашниот фудбалер на Партизан и Фиорентина.
Барселона, Челси, Атлетико Мадрид, Милан, Баерн Минхен, се само некои кои се појавија во медиумите и се поврзуваа со Влаховиќ.
Сепак, според италијанските медиуми моментната ситуација е таква што дошло до голем пресврт. Имено, Јувентус и Влаховиќ се сѐ поблиску до нов договор. „Бијанконерите“ го убедуваат Душан дека тој е клучен играч за иднината на овој тим, а Влаховиќ нема ништо против да остане, и играта и тимот да се базираат на него.
Проблемот е, секако, парите. Влаховиќ ќе мора да ги намали своите барања. Претходно, медиумите известуваа дека Србин бараше 12 милиони евра годишно, додека Јувентус нуди „само“ седум.