Дома Фудбал „Последниот танц“ на Меси во татковината – навивачите бесни поради цената на билетите

„Последниот танц“ на Меси во татковината – навивачите бесни поради цената на билетите

Легендарниот Лео Меси ќе игра во дресот на Аргентина последен пат пред домашната публика на 27 март во пријателски натпревар против Мавританија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Разбирливо е дека интересот на навивачите за натпреварот, поради последниот настап на Меси во својата земја во дресот на Аргентина, е огромен. Малку е да се каже дека е огромен.

Тоа исто така значи дека и цените на билетите се во согласност со важноста на настанот и тоа е она што ги демотивира навивачите на националниот тим и фановите на Меси во деновите пред натпреварот. 

ФС Аргентина пушти во продажба билети чија цена се движи од 56 евра до 302 евра што за нација со плиток џеб е мошне лоша вест. Навивачите своето незадоволство го изразуваат со денови на социјалните мрежи.

Како и да е, сите карти беа експресно распродадени, гласи последната информација.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингем: Не ја заслужив наградата за играч на натпреварот

Бeлингем ги изнесе своите впечатоци пред медиумите на стадионот во Фоксборо по завршување …