Дома Фудбал ЧИСТКА ВО ТОРИНО: Јувентус на лето продава 8 играчи!

ЧИСТКА ВО ТОРИНО: Јувентус на лето продава 8 играчи!

Во моментот е пауза за репрезентативните натпревари, но клубови како Јувентус веќе работат на летниот преоден рок.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, „Бјанконерите“ подготвуваат чистка во наредниот трансфер период.

Имено, Лучано Спалети „пречкрта“ дури осум играчи од тимот.

Играчите кои на крајот на сезоната ќе можат да бараат нов клуб се: Луј Опенда, Џонатан Дејвид, Микеле Ди Грегорио, Василие Аџиќ, Филип Костиќ, Фабио Мирети, Тон Компартно и Едон Жергова.

Јувентус во моментов е 5-ти на табелата во Серија А по 30 кола, три бода помалку од Кома кој е на позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …