
Сагата што траеше со години конечно доби епилог – Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на репрезентацијата на Франција.
Според информациите кои пристигнуваат од релевантни извори, легендарниот Француз постигнал усмен договор со Фудбалскиот сојуз на Франција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Зидан ќе го преземе националниот тим по завршувањето на Светското првенство 2026 година. Со тоа ќе го наследи Дидие Дешан, кој по цели 14 години ќе го напушти кормилото на Триколорите.
Дешан претходно потврди дека Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе биде неговото последно големо натпреварување на кормилото на Франција.
Неговиот мандат беше обележан со огромни успеси, вклучувајќи ја титулата светски првак 2018 година, финалето 2022, и трофејот во Лигата на нациите.
Од друга страна, Зидан е без тренерски ангажман од 2021 година.
По заминувањето од Реал Мадрид, одлучил да чека вистинска прилика – и таа сега пристигна. Во тој период одби бројни понуди од големи клубови и репрезентации.
Манчестер Јунајтед често се споменуваше како можен избор, но никогаш не дојде до реализација. Се споменуваа и опции како Јувентус, како и репрезентациите на САД и Бразил.
Сепак, Зидан имаше јасна цел – кормилото на Франција. Оваа одлука дополнително ја потврдува неговата посветеност на идејата да ја преземе селекцијата на својата земја.
Француската јавност со години го посакуваше токму овој сценарио. Сега останува уште да се усогласат деталите околу стручниот штаб и соработниците.