Дома Фудбал Видео Винисиус го провоцираше Симеоне. Чоло го пријави на судиите, но неуспешно.

Видео Винисиус го провоцираше Симеоне. Чоло го пријави на судиите, но неуспешно.

Возбудливото дерби во Мадрид меѓу Реал и Атлетико (3:2) во 29. коло од Ла Лига беше динамично и полнo со пресврти. Реал по драматичен начин дојде до победа и останува во трката за титулата заедно со водечкaта Барселона. Тековниот шампион има четири поени предност, а разликата ќе беше поголема ако Реал не успееше да го сврти мечот против Атлетико и да ја задржи победата. Најголем придонес за ова имаше Винисиус.

Адемола Лукман го донесе Атлетико во водство во 33. минута. Винисиус израмни од пенал во 52. минута, а Феде Валверде направи пресврт за Реал во 55. минута. Науел Молина во 66. минута израмни на 2:2. Со својот втор погодок, Винисиус повторно го врати Реал во водство, 3:2. Но, во 73. минута, беше исклучен капитенот на Реал, Феде Валверде.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Реал на крајот ја задржа победата со играч помалку, при што три минути пред крајот, Винисиус беше заменет. Додека заминуваше од теренот, тој му добаци на тренерот на Атлетико нешто. Шпанските медиуми пишуваат дека тоа претставува одмазда од страна на Винисиус кон Чоло, бидејќи овој му упатил зборови на претходното дерби пред два месеца: “Флорентино ќе те исфрли од клубот. Запомни што ти реков!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а…