
Реал Мадрид сè уште е во игра за трофеи, но сезоната е многу исцрпувачка. Кралевите ќе се обидат да одат до крајот во Лигата на шампионите откако го исфрлија Манчестер Сити, но следи навистина тешка мисија – Баерн, додека во лигата сè уште заостануваат зад Барселона.
Клубот е под голем резултатски притисок, резултатите не се на нивото на очекувањата на навивачите и управувањето. Затоа, Флорентино Перез е подготвен за нова револуција и чистка каква што не се памети.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Според странските медиуми, Реал би можел во лето да ја напуштат шест фудбалери, а главно тоа се искусни и проверени играчи на кои клубот се потпираше години наназад.
Некако и очекувано е тука Дејвид Алаба, искусен австриски дефанзивец кој има 33 години, а кој често се мачи со повреди. Неговиот договор истекува на лето, а во смисла на високи примања, клубот е решен да му се заблагодари и да се откаже од него.
Дефанзивата ќе претрпи големи промени затоа што клубот наводно има намера да се ослободи и од Антонио Рудигер.
Бековите Фран Гарсија и Ферланди Менди се подготвени да заминат. И двајцата леви бека нема да бидат неопходни откако клубот ќе донесе ново засилување на таа позиција заедно со стандардно добриот Алваро Карерас.
Иако има договор на повеќе години, Французинот Едуардо Камавинга се најде на “црната листа”, а клубот е подготвен да го продаде на крајот на сезоната и ќе ги сослуша понудите што ќе пристигнат.
Сепак, најмногу ќе ги боли навивачите заминувањето на вистинската легенда, Дани Кавахал. Капитенот има договор до лето, но веќе се интензивно размислува идејата дека соработката нема да се продолжи. Веќе 13 години е член на Реал, но 34-годишникот едноставно ќе мора да замине поради големата реконструкција.