
Лука Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, се најде во центарот на правна драма со бившата свршеница Анамарија Голтес, и целиот случај добива сериозни размери и се води на релација Америка – Словенија.
Според информациите до кои стигна „TMZ Sports“, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс повлече конкретен потег и во петокот поднесе барање до судот во округот Лос Анџелес да ја отфрли тужбата на својата бивша партнерка. Причината е јасна – Голтес го покрена процесот во Калифорнија, иако нивните деца се наоѓаат во Словенија.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во судските документи Дончиќ и неговата адвокатка Лаура Васер нагласуваат дека ни тој ни неговите ќерки не се резиденти на Калифорнија. Словенечкиот ас тврди дека веќе неколку месеци се обидува да постигне договор со Анамарија и да ја убеди да се пресели со децата во САД, но без успех, откако таа уште минатиот мај се врати во Словенија. Токму таа физичка дистанца, како што беше истакнато порано, беше еден од клучните причини за раскинување на свршувачката.
Кошаркарот исто така нагласува дека веќе ги покрива сите трошоци за нивните ќерки, двогодишната Габриела и четиримесечната Оливија, потсетувајќи дека има тригодишен договор вреден дури 165 милиони долари. Токму поради тоа смета дека покренувањето на случајот во Калифорнија е обид за избор на поволно судиште, познато по високите износи за алиментација.