Дома Фудбал Вокер ја откри „тајната“ на Гвардиола: Ѕвездите на Сити најлошо поминуваат!

Вокер ја откри „тајната“ на Гвардиола: Ѕвездите на Сити најлошо поминуваат!

На лето ќе се заокружи цела деценија од доаѓањето на Пеп Гвардиола на позицијата главен тренер на Манчестер сити, каде што во меѓувреме стана најуспешниот менаџер во историјата на клубот со јасно дефинирани методи.

Каталонецот, кој одамна го достигна својот врв на „Етихад“, своевремено во полн сјај ја применуваше филозофијата која гарантираше успех, а чии есенцијални составни делови беше актуелниот играч на Барнли, Каjл Вокер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Токму поранешниот англиски репрезентативец, кој од 2017 до минатата година играше во Сити, ги спозна методите на Гвардиола во вистинска смисла на зборот, истакнувајќи дека Шпанецот со ѕвездите практикуваше најголема строгост.

„Многу тешко, многу тешко”, со воздивка раскажуваше во интервју за каталонскиот „Спорт“ Вокер за работата со Гвардиола, додавајќи дека екстремните услови, создадени во комбинација на постојан притисок, вербален интензитет и специфична психолошка стратегија, придонесоа на „Етихад“ да се создаде успех.

Aнгличанецот потоа додаде дека Гвардиолинaта цел беше создавање на синџир реакција каде што со третманот на најголемите ѕвезди се обидуваше да пренесе авторитет и на другите играчи во тимот.

„Бев еден од нив”, се потсети Вокер, споменувајќи ги имињата на Рубен Дијас и Џек Грилиш во редот на оние на кои Гвардиола јавно им се спротивставуваше.

Вокер откри и дека Гвардиола често викаше на најголемите ѕвезди како Серхио Агуеро, за да го стимулира Габриел Жесус, а ниту Јаја Туре не беше поштеден од јавни критики.

„Никогаш немаше фаворити, но кажуваше работи што мораше да ги каже”, заклучи Вокер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…