
Коби Мејнo и Хари Мегваер наскоро треба да потпишат нови договори со Манчестер Јунајтед, според информации од Атлетик.
Според истиот извор, преговорите се веќе во напредна фаза и само е прашање на време кога клубот официјално ќе го објави продолжувањето на соработката со Коби Мејнo и Хари Мегваер.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Од моментот кога Мајкл Керик ја презеде улогата на тренер на Црвените Ѓаволи од Рубен Аморим, Мејнo и Мегваер се регуларни стартери во сите девет натпревари, што јасно покажува дека англискиот стратег има доверба во нив.
Атлетик сугерира дека Мејнo ќе добие договор до 2031 година со значителен раст на платата, додека Мегвајер ќе продолжи соработката со Јунајтед веројатно за уште една сезона.
Мејн претходно, за време на мандатот на Аморим, беше речиси на излез од Јунајтед, со планови да биде испратен на позајмица. И Мегваер немаше посебен статус кај португалскиот тренер.
Сепак, благодарение на Керик, раководството на Јунајтед се премисли и сега го гледаат Мејнo како еден од најталентираните млади фудбалери на Островот. Во врска со Мегваер, неговите последни настапи се одлични и стана клучна фигура во одбраната на Јунајтед.