
На почетокот од март, поточно на 2 март, се чинеше дека Реал Мадрид е во сериозна криза. Поразот од Хетафе беше втор по ред, по поразот во Памплона, додека Барселона се оддалечуваше на врвот на табелата, a сомнежите за лошите резултати, повредите и суспензиите се зголемуваа. Само петнаесет дена подоцна, на вторник, 17 март, по натпреварот против Манчестер Сити, најчесто повторуваната реченица беше: „Можеме да освоиме и првенство и Лига на шампиони,“ пишува AS.
Важни одлуки и подобра физичка подготовка
Што се промени во толку краток период? Во клубот велат дека нема магија, туку дека за пресвртот се заслужни одлуките донесени по враќањето од Суперкупот – отказот на Чаби Алонсо и неговиот тим и доаѓањето на Алваро Арбелоа. Сметаат дека сè било последица на лошо планирање и уверени се дека подобрата физичка подготвеност сега почнува да дава резултати.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Дополнително, емоционалните и тактичките аспекти одиграа значајна улога, а играчи како Валверде и Винициус се вратија во својата најдобра форма и станаа движечка сила за остатокот од екипата. Во клубот жалат за изгубеното време додека се чекаше на носење на одлуки.
Состанокот кој промени сè
Од техничка страна, се зборува за урамнотежен систем и поголема физичка сила, при што играчите станаа свесни дека мора да трчаат или нема да има успех. Клучен момент се смета средбата која била одржана во соблекувалната , без присуство на важни играчи како Белингам или Мбапе.
Таму играчите си кажале сè во лице и сфатиле дека нешто мора да се промени и дека не можат да продолжат како досега. Тоа беа моменти полни со сомнежи, но екипата заклучила дека треба да се даде приоритет на логиката и смелоста.
Енергија од клупата и тркачка моќ
Арбелоа се насочи кон младите таленти, свесен дека ја има поддршката на клубот и покрај гласините за можни замени поради лошите резултати. Клубот застана зад него, а играчите тоа директно го дознаа. Пристигнувањето на нова, способна и подготвена крв го комплетираше пресвртот. Сега сите трчаат, што го потврдува и податокот дека Винициус претрча најмногу метри на првиот натпревар против Манчестер Сити.
Во двата натпревара, тимот на Арбелоа ги надтрча играчите на Гвардиола. Во реваншот на Етихад соодносот беше 114.5 наспроти 109.9 изминати километри, додека на првиот меч, Мадридците беа исто така подобри за само 300 метри. Нозете, физичката подготвеност, но пред сè менталитетот, сега се на ниво на кое во Мадрид веруваат дека сè е можно.