Дома Фудбал Почетино заработи повеќе од 5 милиони долари за седум месеци како селектор на САД

Почетино заработи повеќе од 5 милиони долари за седум месеци како селектор на САД

Маурисио Почетино заработи повеќе од 5 милиони долари во првите седум месеци како селектор на националниот тим на САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот беше именуван како наследник на Грег Бархалтер на 10 септември 2024 година и доби 5 016 917 долари за финансиската година што завршува на 31 март 2025 година. Неговата плата за овој период била 2 156 917 долари, а исто така примил и премија од 2,5 милиони.

Бархалтер, кој беше отпуштен во јули 2024 по испаѓањето во првиот круг на Копа Америка, земал 1 774 981 долар за фискалната година, што вклучува плата од 699 148 долари, бонус од 325 илјади и други плаќања од 750 833 долари.

Селекторката на женскиот тим на САД Ема Хаис заработува 1 469 557 долари, кои се составени од плата од 744 557 долари, 700 илјади бонус и 25 илјади во форма на други компензации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве зошто беше поништен голот на Уругвај за победа против Зеленортските Острови: Ова правило речиси никогаш не го гледаме… (Видео)

Фудбалската репрезентација на Уругвај направи уште еден голем кикс на Светското првенство.…