
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, и овој пат даде остра и директна проценка за сегашниот тим на Кралевите. Во разговор за „Post United“, легендарниот Шпанец го спореди денешниот Реал Мадрид со славниот тим на Галактитосите од раните 2000-ти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мориентес истакна дека денес е тешко да се најде играч во сегашниот состав кој би бил рамноправен член на таа славна постава, а на прашањето кој од актуелниот тим би бил постојан стартер во тимот на Галактитосите, одговори без околкулирање:
„Одбрав само еден. И јасно, тоа е најдобриот меѓу денешните.“
Поранешниот репрезентативец на Шпанија потоа го прецизираше својот избор:
„Мбапе е во моментов најдобриот фудбалер во светот, и не само поради головите, туку и поради неговата комплетна игра.“