
Сардор Азмун, еден од најталентираните ирански фудбалери, беше отстранет од репрезентацијата поради потег кој беше протолкуван како нелојалност кон властите, според извештаите на иранските медиуми. Оваа одлука значително ги намали шансите за негово учество на Светското првенство. Учеството на Иран на турнирот исто така е доведено во прашање поради тензии со Соединетите Американски Држави, кои се меѓу домаќините на натпреварувањето, објави Reuters.
Азмун, кој во моментот настапува за клубот Шабаб Ал-Ахли во Обединетите Арапски Емирати, ги разгневи иранските власти со објава на својот Инстаграм профил, каде што беше фотографиран во друштво на владетелот на Дубаи, Мухамед бин Рашид Ал Мактум.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Иран неодамна изведе ракетни и удари со беспилотни летала врз ОАЕ, како одговор на воздушните удари извршени од страна на САД и Израел, во кои беше убиен врховниот лидер на земјата, ајатолах Али Хаменеи. Новинската агенција Фарс, која е поврзана со исламистичката Револуционерна гарда, цитираше еден “добро информиран извор од репрезентацијата” кој потврди дека Азмун е отстранет од тимот.
Иако Азмун ги отстрани објавените фотографии, во четвртокот беше жестоко критикуван на државната телевизија. Фудбалскиот аналитичар Мохамад Мисаги го оцени однос се на напаѓачот како чин на нелојалност. “Тажно е што човек нема доволно разбирање за да сфати кое однесување е соодветно во одредени моменти”, изјави Мисаги.
“Со такви личности не треба да се преговара. Мора да им се каже дека не се достојни да го носат репрезентативниот дрес. Немаме трпение за вакво надворешно и детско однесување. Играчите на репрезентацијата треба да се личности кои со гордост ја пеат националната химна и заслужуваат да го носат иранскиот дрес.” Фудбалската федерација на Исламската Република Иран (FFIRI) веднаш не одговори на барањето за коментар.